Wednesday, May 6, 2015

Цивилизацијата е нападната

Странските тајни разузнавачки служби во соработка со домашни шпиони и предавници повторно се обидоа да ја подријат моралната способност на нашите доблесни припадници на одбранбените сили. Тие се обидоа на перфиден начин, со подметнување објекти во вид на цвеќиња да ја снижат способноста за брза реакција, како и античовечката способност кај службените лица, со што извршија обид за неуставна смена на Единствениот и Најдобар Семоќен Владетел Св. Никола Груевски - Грујо; како и на други истакнати Лудаци. 
Дознаваме дека во објектите кои биле во вид на цвеќиња биле монтирани прислушни уреди со чија помош Страшниот Зајак ги создава своите болви, со лепење, прелепување, монтирање, премонтирање, одмонтирање и замонтирање.
Скоро е докажано (уште малку треба) дека странските служби имаат вонземско потекло и дека се обидуваат преку Македонија да завладеат со планетата Земја, да ги приграбат сите ресурси, а Земјаните да ги одведат во ропство. На тој начин, уште еднаш, се докажува специфичната и доминантна улога на Македонецот (создаден на десеттиот Божји работен ден. Што е потврдено и во излагањето на Св. Луднаучник Аристотел Тентов http://off.net.mk/lokalno/mediumi/denovi-li-se-denovi-bogovski-maki-golemi, алијас Антигон Пелагониски https://www.youtube.com/watch?v=5mb650XbLgg) во устројството на Светот, Универзумот; и пошироко.


No comments:

Post a Comment