Saturday, June 4, 2016

Плашење со федерализација и други стравови, глупости и манипулации

Полноќен час по демократија, во 2:59 по полноќ.
Многу коментари предизвика средбата на Зоран Заев со овој господин:
https://www.youtube.com/watch?v=lOw0k9KZq0Y

Па еве мое објаснување кое сакав поодамна да го напишам, ама немав време.
Во демократско општество е дозволено:
1. Да се разговара, преговара и договара - секој со секого;
2: Се што не е забрането;
3. Да се има сопствена политичка понуда (колку и да е радикална) на која елокторатот и дава или не и дава поддршка (како пример нека послужи кампањата на Доналд Трамп).

Значи не му е забрането на Албанецот да се залага за федерализација на Македонија, ама за да ја реализира таа своја идеја треба да има мнозинство во парламентот;
не му е забрането на Заев и на било кој друг, да разговара и да договара нешто, со овој и со било кој друг Албанец или припадник на било која етничка, социјална, економска, политичка... група граѓани;
не им е забрането ниту на провладините медиуми да ја извртуваат изјавата на Албанецот и да тврдат дека Заев преговарал за федерализација на Македонија (што кај простите луѓе успева), тоа кажува само за непрофесионализмот и заземањето страна од страна на тие медиуми;
не ми е забрането ниту мене, иако го критикувам Заев и сметам дека е корумпиран како и повеќето наши политичари, во конкретнава ситуација да застанам на страната на демократијата и да го бранам.

Доволно ли е разбирливо?

No comments:

Post a Comment