Thursday, March 7, 2013

Партиски вработувања - членување во партија во потрага по работа и егзистенција

Во нашата држава се добиват вработувања како награда за партискиот активизам, при што се занемарува професионалноста и стручноста.

Има два начина накои партијата ги вдомува своите пулени:
1. Под закана со инспекциски проверки и парични казни партијата влијае врз приватна компанија да вработи нејзини членови на значајни места, истите тие понатаму вработуваат други партиски членови.
2. Партиските полтрони се вработуваат во министерствата, во јавните претпријатија, во општинската администрација, во подрачни единици на министерствата...

Во првиот случај станува збор за реметење на економските механизми и реметење на пазарната економија, при што сопственикот на приватната компанија не е слободен во управувањето со својот капитал, но тој тоа свесно го прифаќа како карактеристика на пазарот (див нерегучиран пазар ама и големи добивки).
Во вториот случај се уништува креативниот потенцијал на нашата држава, луѓето се приморани да бараат вработување и егзистенција надвор од државата (одлив на мозоци). Институциите (државните органи и јавните претпријатија) се водат непрофесионално или полупрофесионално. Иако во нив се вработуваат што повеќе партиски пулени, квалитетот на услугите пружен на граѓание опаѓа. Сметам дека вториов начин на дејствување е криминален - заради група партијци не напредува, не се развива целото општество.

Но кој може да ги спречи овие тенденции кога тие се спроведуваат од формирањето на државата а имаат свои длабоки корења уште во претходниот систем (тогаш преку непотизмот и личните контакти)?
Некоја работа се смета за неморална и  ненормална ако повеќето луѓе во едно општество ја сметаат за таква. А што кога поголемиот дел од општеството го смета неморалното за нормално?
Тогаш излегува дека моралното однесување е ненормално или во најмала рака приглупо.

Веќе се изјаснував дека оваа погубна практика за продуктивноста на општеството, нема да може (да сака) да ја прекине ниедна од постоечките партии. Тие едноставно така функционираат, така добиваат власт, тоа за нив е успешна формула („ќе ги отпуштиме нивните братучеди - ќе вработиме наши“), не е во нивен интерес да променат нешто.
Треба да се формира политичка опција која во своите статутарни документи ќе има наведено прецизни ограничувања и механизми за сузбивање на оваа или сличните на неа појави.
Значи, треба да се дијагностицира проблемот, да се дадат решенија за негово отстранување и да се наведат гаранции дека системот ќе биде функционален.
Таа политичка опција не е задолжително да биде партија, ефективено е да се биде и движење или здружение кое ќе привлече многу истомисленици.

No comments:

Post a Comment