Monday, March 11, 2013

Помеѓу глупоста и расипаноста 2

Се двоумам како да го разберам ова (не)дело на овој „професионален“ „новинар“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3913921347&id=13&prilog=0&setIzdanie=22825
Се двоумам помеѓу глупоста и расипаноста.
-----------------------------------------------------
Во текстот авторот пишува:

1. „Тој беше заменик-министер за одбрана и еден од авторите на одбранбената стратегија на Македонија и тогаш никој од него не бараше да биде сменет!“

Јас имам дока дека тоа го бараше барем еден човек, еве го исказот: "Македонија се стреми кон затворање на раните од конфликтот, изградба на стабилна, правна и побогата држава, која брзо треба да се подготви за приклучување кон ЕУ и НАТО. Отворањето на старите рани, со назначување на клучни позиции на поранешни докажани терористи, сликани во воена униформа на ОНА, луѓе кои отворено повикуваа на оружена борба заради политички цели, луѓе зад кои стојат многу злосторства за кои веќе се амнестирани, нема да го забрза стабилизацискиот и развојниот процес во Македонија." - Никола Груевски http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2310&stID=25637


2. „Ако веќе собира потписи за референдум, мора да знае оти Албанците можат да соберат 150.000 потписи за еден ден! И што треба да направат - да побараат да паднат сите македонски министри во Владата? До што ќе нѐ доведе тоа - до федерализација, етнички парламент и албанска влада во Тетово!?“

Ова е школски пример на изнесување на тези помеѓу глупоста и расипаноста:
новинаров или е неук и не знае дека после собирањето на потребниот број потписи се распишува референдум на кој се гласа „за“ или „против“ на поставеното прашање,
или е манипулатор кој се служи со замена на тези.


3. „Чија ќе биде одговорноста ако загине макар еден човек - Албанец или Македонец сеедно?“

Одговорноста ќе биде на тој човек што го предизвикал првото од многуте меѓусебно имплицирани народни незадоволства: Никола Груевски.
Исто така, ваквите „новинари“ секао ќе имат удел во одговорноста.

4. „...но партијата што се колне во демократија не може да преживее различен став на своите важни членови!“

Таа партија не е единствена со таквата своја карактеристика. Може да се каже дека во Македонија е правило така да се раководат партиите


5. „Демократијата се учи, но многу наши и ваши политичари ниту за две децении не успеаја да ја научат основната лекција (Месиќ)“ „Надежта е дека народот созрева и знае што е најдобро за него.“

Е со ова потполно се согласувам, „новинаров“ и нарачателот на текстов ништо не научиле.
А дали имаат желба да учат?

No comments:

Post a Comment