Tuesday, May 14, 2013

Култура на некултура

На автобуска во Скопје заверувам повратен билет за Гевгелија. Треба да платам 30 денари, давам 500.
Продавачката: - Е кај да ти најдам сега ситно, треба да си имаш!
Јас: - Госпоѓо, вие треба да имате, вие треба да бидете спремни. Еве можам да ви дадам 27 денари, ќе ви должам 3 (го собирам сиот ситнеж)
Продавчката (со незадоволство и понижувачки): - Па јас ли за сите вас да плаќам?!!! (се врти спрема патниците после мене) Видете го овој!!!
Јас: Госпоѓо не се обидувам да платам помалку, ви дадаов 500 денари
Продавачката (ми го дава кусурот и заверениот билет, сепак имала ситно): Следниот!
Јас: Па еве, имавте ситно а ми го расипувате денот од сабајле со расправии. Па и да немате ситно вие би требало да ми се извините и да ме упатите на друга каса!
Продвачката: (не ми обраќа внимание)
Патникот позади мене (во меѓувреме дал пари и чека да му дадат билет): Ај тргни се од тука, не одземај време!
Јас (со повишен глас): Јас уште не завршив, со тебе си немам работа! (спрема продавачката) Барам да го викнете претпоставениот!!!
Продавачката: (збунета од мојата „дрзкост“ си зема пауза)
Јас: Барам да зборувам со вашиот претпоставен, вие сте нељубезна и сакам тоа да му го кажам. Зарем не сте слушнале за тоа дека муштеријата е секогаш во право?
Продавачката: Па што ви кажав? (кон луѓето) Вие сте сведоци, што му кажав?
Луѓето одзади мене: Абе ајде, дечко, не досадувај... Што сега... Касниме... А ти...
Патникот позади мене: Абе тргни се (ме турка со рака)
Јас: Со тебе немам работа (му ја тргам раката). На продавачката: Викнете го шефот, само со обезбедување ќе ме тргнете од тука.
Продавачката: Па ништо...
Јас: Со вас завршив, викнете го шефот
Продавачката: Па на пауза е...
Јас: Викнете било кој претпоставен!
Се појавува некој, продавачката вика: па еве...
Јас: (му ја објаснувам ситуацијата на „некој“)
Продавачката:(бара поддршка од луѓето во редот после мене. Гледам дека изразот на лицето и е сменет од надменост на почетокот на конверзацијата, сега гледам несигурност и страв - усните и треперат)
Некој: - Па еве патниците кажуваат...
Јас (спрема продавачката): - Госпоѓо другпат бидете љубезна, намерно ќе ве барам вас позади шалтерот. (Си одам и се чувствувам задоволен. Сепак, не знам кој што разбрал од оваа случка, ама, и пак да ми се случи, би постапил исто)

No comments:

Post a Comment