Friday, April 19, 2013

Општество на интереси

Секое општество и форма на организација постои за луѓето, целта е да се организира и направи функционално заедничкото живеење. Во животот на општеството учествуваме сите, па сите и имаме право да учествуваме во тоа организирање. Главна поента: најважни се луѓето.

Во Македонија е создадено општество на интереси (не кажувам дека и целото човештво не страда од материјализам). Во Македонија, поради кревката демократија, којашто е во зародиш и поради наследениот менталитет сите процеси се сурови, секогаш работи некој против некого, луѓето се групираат во кланови и работат едни против други.

Во цивилизирано, напредно општество, кон кое би требало да се стремиме би требало да се изработат механизми кои од спротивставени мислења и ставови ќе родат напредок.
Напредок за секој поединец.

No comments:

Post a Comment