Цивилизацијата стигнала до тоа дека
докторите треба да се обврзаат да даваат неопходна помош (ова е многу битно да
се забележи затоа што има етички контекст) користејќи ја својата вештина, на
сите на кои им треба (Хипократова заклетва). За разлика од медицината, целта на
уметноста не е давање помош туку споделување мисли, чувства и сознанија, тоа се
пораки при кои техничката вештината на уметникот е само нивен носител (повторно
за разлика од медицината, каде техничката вештината е неопходност за давање на
помошта). Па ако уметноста е лишена од таквите споделени пораки тогаш таа се
сведува само на техника на користење на методите за предизвикување воздушни и електромагнетни вибрации.
За разлика од лекарската фела,
уметниците не потпишуваат никаква заклетва и не се обврзани да ја споделуваат
својата уметност со сите кои ќе им ја побараат, затоа уметникот има одговорност
за тоа каде и како ја споделува.
Оправдувањето дека уметникот е
професионалец кој заработува од својата уметност, па затоа тој, таа...тоа... треба
да ја споделува својата уметност со сите што ќе платат доволно е ниско и
неморално; и се коси со основната цел на уметноста - влијание врз општеството
преку споделување пораки, затоа што споделувањето е интерактивен процес при кој
уметникот е тој што е во центарот на вниманието, на сцената, ставен во улога да
проповеда и да ја кажува својата визија, својата „вистинска вистина“ за нештата
(општеството и корелациите на луѓето во него). Кога улогите се заменети и
импулсот за уметност тргнува од парите, односно од носителот на парите и на
општественото влијание, тогаш уметникот е испровоциран (уценет со парите) на
проституција. Секој уметник сам одлучува дали ќе го прифати тоа сопствено
проституирање.
Темава ме тангира и живо ме интересира, па еве што претходно сум пишувал за неа на блогов:
http://b-n-z-r.blogspot.in/search?q=уметници
Туткун... хахахха... добро зборче
Темава ме тангира и живо ме интересира, па еве што претходно сум пишувал за неа на блогов:
http://b-n-z-r.blogspot.in/search?q=уметници
Туткун... хахахха... добро зборче
No comments:
Post a Comment