Wednesday, April 19, 2017

Пилот - Лиле Поповска (Политички лупинзи 2) - За „зелена“ Македонија, де

Побарав издржан одговор на дилемите што ги имав пред повеќе од една година:


Ниту тогаш, ниту сега, никој не ми објасни како, и зошто, во нашето општество дозволуваме политички опортунисти да изведуваат лупинзи без да понесат одговорност за сопствените постапки.

Вечерва, по втор пат во животот се затекнав во иста просторија со госпоѓата Лилјана Поповска; и по втор пат го имам истото чувство:
Опортунизмот и недостатокот на морална одговорност од страна на „лидерите“; и к
онформизмот на луѓето што би требало да осознаваат и да ги критикуваат се причина за сегашната блокирана, узурпирана, недемократска, донесена на работ на пропаста држава.

Тема на вечерашниот собир
беше претстојниот локален референдум во Општина Гевгелија за испитување на јавното мислење за, или против, отварање на рудници на Кожуф. Дозволата за доделување концесија (покрај десетиците други, ширум Македонија) за истражување на „металичните минерали“ ја потпишал Владимир Пешевски - Хипо, во 2013та година. Истата била публикувана во Службен весник на Република Македонија.



И поставив јавно прашање на госпоѓата Поповска, „лидер“ на партијата ДОМ (партија што се прогласи за „зелена“, демек се залага за зачувување на животната средина, за „зелени“ технологии, за развој на еколошко, органско земјоделство и за туризмот), за тоа дали чувствува одговорност за тоа што при потпишувањето на оваа концесија, партијата ДОМ, на госпоѓата Поповска, била коалициски партнер во Владата, која ја напушти дури во мај 2015 година.
Во одговор госпоѓата превртлива опортунистка се оправдуваше дека „не знаела“ за посочената одлука (иако беше во Владата) и дека ресорот кој таа го курирала - туризмот, постигнал во тој период значителни успеси; и дека со ресорот економија раководеле други кадри (иако ресорот туризам е сектор во рамките на Министерството за економија).

Ваквото „оправдание“ ми е подеднакво неморално како и узурпацијата на државата од страна на Никола Груевски. И тој наоѓа начини како да манипулира со недоразвиената демократска општествена свест. И нему пола милион гласачи во Македонија не му бараат одговорност, туку слепо го поддржуваат.

Опортунистите 
и конформистите го создадоа ова аморално македонско општество, затоа не можеме да очекуваме дека истите тие ќе го променат, по доживеано етичко просветлување, во моментот кога преминуваат од една владеачка коалиција во наредна.

А смешен ни беше кокаколата Амди - бајрамот. Лилето е иста таква кола - кола што сака секогаш да вози со власта. За „зелена“ Македонија, де.

No comments:

Post a Comment