Wednesday, April 29, 2015

Логиката кажува: Ставрески пласира хипокризија

Замислете: Зоран Ставрески кажува дека политичката криза може да предизвика негативни импликации врз стопанството во Македонија; и добро би било таа што поскоро да заврши...


Тој вика дека на стопанствениците им треба политичка стабилност и извесност.
Па, накратко, да ги разгледаме можностите за излез од политичката криза:
Констатација на факти:
Ø Опозицијата објавува снимени материјали кои содржат инкриминирачки факти во однос на Власта и со тоа (како и со неучеството на пратениците од нејзините редови во работата на собранието) предизвикува политичка нестабилност.

Ø Власта ја негира веродостојноста на снимените материјали и ја обвинува опозицијата за велепредавство, но не прави ништо за да ја разреши кризата, туку долева масло во пламенот на разгорената конфронтација со организирањето на таканаречени „народни трибини„ на кои се промовира јазикот  на омраза и се предизвикува уште поголема поларизација на општеството.

Претпоставки:
a)     Опозицијата е во право: Власта е составена од криминална банда на чело со Никола Груевски; а граѓаните што го поддржуваат се уценети и уплашени да не ги изгубат привилегиите што им ги даде партијата на власт.

b)    Власта (позицијата) е во право: Зоран Заев и неговите приврзаници се шпиони, велепредавници и соработници со странски служби; граѓаните што ги поддржуваат се залажани и поткупени со странски пари.

Можности со кои располагаат страните:
Опозицијата може:
  • да продолжи да ги објавува снимките со кои располага и да продолжи со конфронтација;
  • да престане да ги објавува снимките и нејзините пратеници да се вратат во Собранието.
Власта може:
  • да се согласи со барањата на опозицијата за формирање на техничка Влада и организирање нови парламентарни избори;
  • да не се согласи со барањата на опозицијата и да продолжи со конфронтација.
Последици од реализација на можностите:
  • Со прекинување на објавување на снимките и со враќање на пратениците од редовите на опозицијата во Собранието таа го губи кредибилитетот, ја губи можноста да врши притисок врз власта и ја губи можноста да ја добие поддршката од мнозинството граѓани на подолг период (можеби децении).
  • Од друга страна, опозицијата ги задржува сите посочени претходно можности во случај на продолжување на објавување на снимките;
  • Со прифаќање на барањата на опозицијата, позицијата ја губи власта и ќе мора во рамноправна политичка борба да ја бара поддршката на граѓаните повторно;
  • Со зголемување на конфронтацијата ќе се продлабочува политичката нестабилност која ќе повлече и економска криза, сето тоа ќе доведе до сигурносна криза во државата.

Логички размислувања:
Опозицијата нема да прекине со објавување на снимките и со зголемување на конфронтацијата затоа што тоа им е единственото оружје.
Позицијата би ги прифатила барањата на опозицијата ако верува во поддршката од страна на граѓаните на евентуалните избори. Ако позицијата продолжи со зголемување на конфронтацијата значи таа: не верува дека ќе добие поддршка од граѓаните на евентуалните вонредни избори; и не и е важна стабилноста на државата туку важно и е останувањето на власт по секоја цена.

Суд во однос на кажаното од страна на Зоран Ставрески:
Владата во која учествува Зоран Ставрески располага со маневарски простор и може да ја прекине политичката криза која се заканува дека ќе повлијае и врз економијата и врз стабилноста на Република Македонија.
Хипокритично е да укажуваш на опасностите од интензивирање на кризата кога самиот располагаш со можност за прекин на истата.

No comments:

Post a Comment