Sunday, April 5, 2015

Гној

Не е интересно, одватно е да се слушаат разговорите на овие ниски и подли луѓе. Ама, од овие луѓе ни зависат судбините.














Затоа потребно е да се дознаат сите вистини, за да се знае како да се постапи.
Тоа е исто како третманот на загноена рана. Ако ја оставиш - инфекцијата нема да исчезне туку само ќе се шири, ќе го труе организмот, за, на крајот, да го убие. Загноената рана треба да отвори, да се исчисти од гној, да се дезинфицира и да се остави да заздравува.
Во нашево општество врз една инфекција се накалемува друга, па трета; врз една гнојна рана се појавува друга, а ние ставаме завој врз завој и очекуваме чудесно оздравување.

No comments:

Post a Comment