Sunday, April 19, 2015

Решението е: Референдум



Пред два месеца ги напишав моите согледувања за излез од политичката криза во која се најде нашата држава тука:

Од тогаш ситуацијата е влошена, создадена е уште поголема поларизираност во општеството. Премиерот Груевски е првиот кој би можел да направи чекори кон релаксирање на состојбите и намалување на анимозитетот во општеството, но тој не го прави тоа, туку долева масло во огинот.

Бидејќи, според мене, ваквиот развој на настаните води кон зголемување на внатрешниот притисок и остава можност само за вонинституционално решавање на спротивставеностите - сценарио кое не е пожелно; предлагам да се искористи инструментот кој ќе ги врати работите во институционално корито: Референдум со прашање: „Дали, според Вас, основен предуслов за организирање на наредните парламентарни избори, и ваше учество во нив е составувањето техничка Влада?„



За постигнување на таа цел потребно е да се соберат потписи од најмалку 150.000 избирачи кои ќе го поднесат барањето. Тогаш Собранието ќе биде должно да го распише референдумот.

Разбирам дека распишувањето на референдумот ќе доведе до уште поголема тензија во општеството и до уште поголема пропагандна пресија врз граѓаните, но од друга страна неговото распишување ќе понуди институционален и демократски излез од создадениот ќор-сокак. Исто така разбирам дека референдумот ќе биде спроведен според досегашниот непречистен избирачки список и дека се можни манипулации, но дури и поголем дел од одговорите на референдумското прашање да бидат негативни, цифра од 600-700 илјади потврдни одговори ќе значат огромен, институционално верификуван, притисок и недоверба кон сегашната Влада од внатре, што ќе предизвика и притисок од меѓународниот фактор; како и порака дека голем дел од граѓаните нема да учествува на ниедни наредни избори организирани од Груевски.

No comments:

Post a Comment