Monday, April 13, 2015

Неисторија или Несторија

Прошетка од Топлик до Старо Село; и сознанијата од неа
Топлик е месност во близина на Гевгелија. На Топлик има две помали брани.

Во Старо Село се живеело во турско па се до пред 100тина години. Сега од селото останале само купишта камења и надгробја, зараснати во прнар и смрека, кои сведочат за минливоста на човечкиот век. 
Некои надгробни плочи се гравирани повторно затоа што првичниот гравер напишал неподобни презимиња. 
На маршрутата наидовме и на реликти од Првата Светска Војна - бункери изградени од страна на Првиот Артилериски Полк на бугарската војска, во март, 1917 година.




Тоа што ги видов овие бункери ме поттикна да размислувам и да истражувам за тоа каде, на која страна, се борел политичкиот ентитет МРО или ВМРО (кој што за нас Македонците е персонификација на македонската борба за автономија, а покасно и за државност) во тие драматични премрежја кои се случувале на територијата на сегашна Република Македонија. По кратко пребарување на интернет, на македонската Википедија дојдов до следните информации:
„Во време на Првата светска војна, оваа организација која била наречена ВМРО привремено престанала да постои, а нејзините раководители, четничкиот и војводскиот кадар ја формирале т.н. 11 македонска дивизија, која броела над 30 000 луѓе со сопствен офицерски состав и се борела во рамките на бугарската војска.
Со наредба од 26 септември 1912 година сите партизански чети и одреди на ВМОРО формациски биле вклучени во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските и одринските одреди и чети станале дел од Бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура - одделенија, водови, чети„
 

Значи, нашите предци, луѓето со македонска свест, членови на ВМРО, во Првата Светска Војна војувале во составот на бугарската војска. Бугарската војска во Првата Светска Војна била наша војска. Така излегува.
Зошто тогаш не ги почитуваме тие што војуваа на нашата земја, а војуваа за нас, тие што можеби и коските ги оставија по овие наши ридови?
Од незнаење, игноранција? Од индолентност и небрежност? Или од глупост?





 

No comments:

Post a Comment