Wednesday, January 7, 2015

Наменско новинарство



Одвратни вести на МРТВ.
Тоа не е новинарство туку еднострано докажување и убедување во постоење на само една вистина. Ова се прави најверојатно под диктат или во страв од власта.
Во сите професии, тој што не работи во согласност со создадените норми во професијата, тоест непрофесионално, ја губи можноста понатаму да ја извршува таа професија. Ако сакаме општеството и нацијата да се развива, овие „новинари„ треба да ја изгубат можноста да ја „обавуваат„ таа професија.
Покрај тоа, во секој поединечен случај, треба да се разгледа кривичната одговорност и да се измери количината на нанесена штета, затоа што со своите дејствија овие „новинари„ влијаат негативно врз човечки судбини, предизвикуваат анимозитет во општеството, па не дај Боже може да доведат до физичка конфронтација и загуба на човечки животи.
Значи овие „новинари„ со своите дејствија можат да предизвикаат смрт на граѓани на Р. Македонија или да го доведат под знак на прашање постоењето на целата македонска нација.

1 comment:

  1. Да точна е констатацијата. Но, во колку се задржиме само на констатацијата и осуда дека тоа е лоша работа, нема да постигнеме никаков резултат. Потребно е да испитаме кои се причините што ги тера новинарите да бидаат такви.Јас ги знам, тоа се големата невработеност, ниските плати, партијските книшки. Секој новинар, па и било кој граганин, се плаши од таквата состојба и се принудува да биде послушник, како не би ја утнал работата да се најде на улица. Освен овие причини, има уште една, а тоа е дека скоро сите ТВ и радиа се финансијски зависни од власта. Примерот, кога Власта донесе закон за Радио-дифузна такса, и принудна наплата, во таков случај неможе МРТВ да не биде потчинета на Власта. И последната причина, која и може нее последна, е што партиите на власт обезбедија свои вработувања во државниот и јавниот сектор, и тоа многу, кои сега цврсто се држат еден за друг да опстојуваат нивните партии на власт, како не би ја загубиле работата во колку дојде некоја друга власт. Овие наведени причини се многу опасни, така што преостанатите луге кои се во многу потешка состојба, во такви услови на состојбите со причините што ги тераат поголемиот дел од народот да биде послушен, не се во можност да реагираат, брзо се задушени и немаат кој да ги поведе. Единствено кога дел од послушниците, ќе сватат дека и нивната состојба таква каква што е со ниски плати, со високи давачки и многу други тортури е неиздржлива, тогаш можеби ќе се зголеми критичната маса на незадоволство и ќе доведе до организиран отпор. Засега има некој мали, сеуште не докрај пробудени надежи кај професорите и студентите, кои засега се борат за проблеми во образованието, но во колку останат само на тоа, во колку се слепи и не гледаат дека проблемите ги има многу повеќе, не би можело да се очекува дека се тие кои се пробудиле, туку дека сеуште такви носители на промените нема појавено. Јас би сакал да бидат тие носители на промените, бидејки сметам дека ја претставуваат интелегенцијата, но сеуште не сум убеден во тоа. Инаку спремен сум да го дадам и мојот придонес во превземањето на мерките, што ќе доведат до промена на состојбите, поточно до развој, вработувања и решавање на сите други проблеми.

    ReplyDelete