Sunday, February 1, 2015

Узурпатори! Вратете ми ја Татковината!

Колку драматичен наслов: „Заев повторно се заканува„
А кога некој се заканува?
- Кога има некој што му се плаши.
А кога некој се плаши од разоткривање некоја информација?
- Кога таа информација е на негова штета.
http://infomax.mk/wp/?p=23313
Заклучок: Информацијата со која располага Заев е релевантна. Груевски се обидува да го неутрализира значењето на информацијата што ја поседува Заев на следните начини:
Со намалување на кредибилитетот на Заев (продолжување на кампањите „На Заев не може да му се верува„ и „Заев е странски платеник„ а сега и со „Заев е пучист„) за да се предизвика негова јавна осуда и пред истражување на сите факти и пред донесување судска пресуда со што судиите би се нашле под притисок;
И со негирање и одвлекување на вниманието од самата информација, со тоа што таа се прогласува за „незаконски добавена„.

Власта е слатка.
Манипулациите продолжуваат.
Сите сме заложници.
Узурпатори на демократијата и на слободата! Вратете ми ја Татковината!

„Татковината те разбира.
Таа е твоја, затоа што ти си нејзин.
Таа те штити.
Татковина е чувството на гордост и радост;
и чувството на тага и револт.
Татковината те боли кога ти ја поганат и одземаат.
Татковината е земјата што ќе те покрие кога ќе умреш.„

Ова го напишав пред околу една година а сега го чувствувам уште посилно - два клана на користољубливи нискоморални манипулатори ми ја одземаат Татковината. Едните за да ја освојат власта а другите за да се задржат на власт бесконечно долго време. Да, „Татковина„ напишана со големо „Т„ затоа што и Македонија се пишува со голема буква.

Узурпатори! Вратете ми ја Татковината!


No comments:

Post a Comment