Saturday, February 7, 2015

Што би направиле на мое место?



Нека биде јасно дека репутацијата на државата во очите на светот е на најниско ниво, исто како и довербата на македонските граѓани во својот политички систем. А и изборите и парламентот во Македонија веќе не се слободни. Затоа нема потреба да се чека пресудата на судот за случајот „Пуч„ па да имаме спознание за тоа каква е македонската демократија по четврт век нејзино одгледување. Македонската демократија имаше тешко рахитично детство, често беше запоставувана и тешко се развиваше. Но кога одвај се исправи на несигурни нозе - се појави човек кој ја погази. Тој, силувајќи ја, го извикува нејзиното име и презиме, кажува дека ја штити и дека таа е нападната, се колне дека сè би сторил за неа; и не прашува што би сториле ние на негово место.
Останува дилема дали сето тоа тој го прави со намера или во состојба на привремена или постојана намалена пресметливост.




No comments:

Post a Comment