
И покрај долгата транзиција од општество со
општествена во општество со генерално приватна сопственост над производните
процеси, македонскиот економски стандард останува на ниско ниво.
Ваквата состојба единствено им одговара
политичарите, чии плати се на светско ниво, а покрај тоа тие заработуваат и од
бизниси кои ги добиваат преку сопствениот политички ангажман. Во фирмите на
политичарите работат македонски граѓани за македонска плата. Последниве на
избори гласаат за истите македонски политичари лесно поткупени баш поради тоа
што работат за македонска плата.
Плус „заработените“ пари политичарите ги
користат за да влијаат врз медиумите, кои понатаму влијаат врз македонските
граѓани наметнувајќи им размислувања во корист на политичарите на власт,
користејќи ги ниските емоции и ниското ниво на интелект и пренасочувајќи го
вниманието на македонскиот граѓанин. Затоа медиумите не нè информираат, туку нè
убедуваат. И затоа телевизиите ни го узурпираат времето со приказни, дали биле
народни, турски или шпански - сè исто.
Излезот од ова ропство се наоѓа во
покачувањето на свеста на македонските граѓани. Прво што треба да се разбере е дека не постојат строго дефинирани црно-бели ситуации:
барањето виновници е всушност префрлање на вината,
посочувањето предавници е пренасочување на вниманието,
барањето единство кога во исто време создаваат анимозитет помеѓу луѓето - е манипулација и лицемерие.
барањето виновници е всушност префрлање на вината,
посочувањето предавници е пренасочување на вниманието,
барањето единство кога во исто време создаваат анимозитет помеѓу луѓето - е манипулација и лицемерие.