Tuesday, July 8, 2014

Трагична загуба на уште еден Претседател на Република Македонија

Уште на изборите актуелниот Претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, најави дека ќе биде тимски играч, значи најави дека ќе биде само член од тимот што владее. Сега, откога е избран на таа функција, Иванов го исполнува тоа што го вети. Со своето учество во „тимот„, во кој тој дури не е ни капитен, Иванов ја гази функцијата Претседател и придонесува кон деградирањето на демократијата во Македонија. 

Претседателската функција би требало да е независна и над дневно политичките интереси, таква функција која што и дава на државата стабилност. Претседателот е тој што би требало да ги коригира сите грешки направени во другите гранки на власта, тој би требало да биде персонификација на врвна одговорност, совест, етика и морал. И да: Претседателот би требало да ги насочува сите процеси во државата во позитивна и продуктивна насока, затоа претседателот нема право да молчи и да не го каже своето мислење.

Очигледно Македонија изгуби уште еден претседател, или уште полошо:

Македонија ја изгуби функцијата Претседател на државата.

1 comment:

  1. Во погрешна градба на системот сите се изгубени и властите и народот. Како може Претседателот да ја обавува успешно функцијата Претседател кога државата нон стоп се задолжува. Тоа е доказ дека оди назат, а не напрет. Во услови на економска нестабилност и немоќ за развој, половината луѓе ни се исселија и тоа за трајно. Тие што останаа соочени со беда и немање перспектива, што и да помислат да работат, работата не оди, се дотерани во состојба секој да може да ги подлажува, дека ако бидеме голема Албанија ќе ни биде подобро, или голема Македонија, или ако бидеме во градовите само албанци, или само македонци, или ако имаме повеќее цркви и мн.други лаги. Ја дотеравме до таму да заблудата, дека друго решение освен тоа нема, на цело го закочи умот на сите до тој степен што ниту наједноставните работи не сме во состојба да ги протолкуваме што е причината за таквите работи што ни се случуваат. Да го немавме социјализамот можеби ќе речев дека тешко е, но како може од социјализамот да не научивме работа со која секојдневно се среќававме и тоа во милионсски суми, а тоа е инфлацијата. Причината толку е јасма, ќорав да си будала да си треба да разбереш, тоа е во народот имаше пари а на пазарот немаше стоки. Тоа значи дека работниците го присвојуваа поголемиот дел од новата вредност, бидејки идеологијата беше таква дека работниците ја стварале. Што имаме денес, тоа е обратна ситуација, во народот нема пари- куповна моќ, а на пазарот има стоки во изобилие, што ја кочат работата бидејки неможат да се продадат. Од ова, будала да си треба да го извлечеш заклучокот, вво што е причината што и двата система не се добри и не го даваат очекуваниот резултат- развој. Тоа е дека погрешно се расподелува новата вредност /додадената или печалба/ помегу тие што ја создале, а тоа се работниците- сопственици на в ложениот труд и газдите- сопственици на вложените пари. Не ми е јасно, како може некој да добие титула доктор по економија да го нема таквото разбирање, јас би рекол се работи за некоја Божја казна, до толку многу да им го запечатува разумот.

    ReplyDelete