Sunday, August 3, 2014

Ќе си дозволиш ли ти да бидеш промената што ја бараш и очекуваш?

Долго време размислувам за македонскиот менталитет и дојдов до заклучок дека тој е на некој начин контраверзен, снобовски, сервилно-понижувачко-непочитувачки. Македонецот страда кога околу себе гледа среќен и успешен човек и гледа на секој начин да го негира или понижи. Од друга страна Македонецот со задоволство ќе му служи на големецот, на властодржецот, на узурпаторот - се додека големецот му фрла трошки од масата и му ја дава сатисфакцијата да понижува други „обични„ Македонци.
Сега, ако се земе во предвид тоа што среќата на ближниот е твој благослов, произлегува дека Македонецот останува неблагословен, или со други зборови - проклет. Проклети сме од самите себе. Секој од нас го слушнал или го кажал тоа некому. Јас лично од многу луѓе сум слушнал да кажат дека сме проклети. Значи, како општество  создаваме (проектираме) премногу негативна енергија, која, по законот за акција и реакција, ни се проектира (враќа) назад.
Решението и лекот за оваа човечка ментална девијација е во  производство на повеќе позитивна енергија: добри мисли, добри дела, позитивност, верба, простување, сочуствување, утеха...
Знам дека на многумина овие мои зборови им се полни со глупа наивност, или можеби со лицемерие, но, не треба да се оди далеку за да се види дека во општеството во коешто живееме е потребна позитивна промена. Таа промена треба да тргне од некаде.
Ќе си дозволиш ли ти да бидеш промената што ја бараш и очекуваш?

1 comment:

  1. Текстот има два дела, едниот што констатира и другиот што предлага решение. Констатирањето е точно, но патот на решението погрешен. При претпоставка и да прифатеме ширене на позитивна енергија сите луге, таа нее во состојба да овозможи сите тие негативности да се отстранат. Изворот на појавата на негативностите е на друго место. Виновникот што нема развој, што се создаваат непријателства до степен на војни, се случува расслојување и помеѓу лугето и помегу државите, се создава огромна невработеност и многу други проблеми, е општествениот систем. Сето тоа што се случува е негов производ, и во никој случај со позитивна енергија, тешење и слично би можело да се промени нешто. Значи, наша обврска е, во колку трезвено размислиме, да навлеземе во внатрешноста на начинот на организацијата на работата, како главна област на системот и утврдиме дали системот во целост нее добро устроен, или пак само некој негов дел. Моето сознание е дека нее проблемот во системот, туку само во еден негов дел. Тој негов дел е, начинот на присвојувањето на крајниот резултат од работата. Погрешно е претпоставено дека крајниот резултат од работата- профит или загуба припага само на газдите- сопствениците на вложените пари. Работата не ја прават само вложените пари туку и вложениот труд. Тоа се два различни читители на работата. Кога газдите го присвојат делот на работниците, во висина на тој износ неможе да се потроши веќе создадената понуда. Поточно останува кај газдите, бидејки не пуштиле пари кај работниците, за да се ослободат од понудата, таа понуда се трупа и е главна причина за кочење на работата со појава во облик на криза. Таа вишок на понуда е причина да нема развој, и да се случува расслојување, бидејки делот на работниците се фрла во отпад дирекни или со растварање на војни. Капиталистите /газдите/ сепак се богатат врз основа на нивниот влог од вредност, иако забавено поради траењето на кризите, додека работниците остануваат се на истото место, поточно само со платата од пазарот на труд. Во такви услови, кога работниците немаат можност да се богатат, како може да се очекува ширење на позитивна енергија, што ќе допринесе за подобрување на состојбите. Ве молам, ум во глава, да се усмериме на објаснување на изворот на проблемот, а не погрешниот пат, кое може да придонесе за поправање на делот на системот кој е погрешно монтиран. Тогаш кога ќе се случи тоа, работите ќе се променат во позитивна насока, и само по себе од лугето ќе извира позитивна енергија.

    ReplyDelete