Friday, July 22, 2016

Машина за чисти Македонци

Алилуја, алилуја, алилуја, слава тебе Боже (наш, македонски)!

Пронајден јет спас за сите Македонци, предци чји вољно или невољно, под соблазен или под присила, свесно или же несвесно, промешавши сја, измелезивши, се беа огрешиле пред светата сина крв Каранова, Тиримина, Пердичина, Аргеева, Аминтина, Филипова и Александрова; и ја размешаа со крв недостојна, ретка, на ниски раси и диви племиња. 

Најден јет уред што ги стават Македонците у ред, од прљави - чисти ги праит, му ги чистит семето и крвта, ДНК му менвит на фабричко подесување - на чиста царцка, Маќедонцка. Чистит примеси татарски, турски, грцки, булгарски, српцки; и шкретски, и шопски, и далечни, и блиски. 

Требет да флезнеш уф уредот, умот да го одумиш, што до тогај си рекол да одречеш; и само да кажиш: -„Никој ништо не ти може“ и три п'та: „Никола“ и в миг ќе се преродиш чист Македонец - патријота.


Тоа јет, шо нема да смислет...


No comments:

Post a Comment