Wednesday, October 18, 2017

Дуална свест

Повеќето луѓе во Македонија имаат ниска свест за процесите што се случуваат во општеството, па ги толкуваат нештата преку сопствениот етички кодекс и преку базирана врз тој недоизграден механизам за спознание логика. Во нивната дуална свест нема место за нијанси, кај нив таа е строго поделена на бела и црна половина, тоест на работи кои ги ценат на добри или на лоши. Плус, повторно поради ниската свест луѓето ги сфаќаат процесите само како борба за превласт помеѓу авторитетите што ги предводат - затоа се толку подложни на создавање на култови на личности.
На луѓето треба да им се помогне да излезат од наметнатиот дуален систем на вредности. Тогаш ќе имаме свесни луѓе и ќе можеме да градиме демократски систем. Сега за сега имаме навивачи наместо свесни луѓе и лукративни кланови наместо политички партии.

No comments:

Post a Comment