Thursday, October 19, 2017

Гласање и негласање (или барање совест кај луѓето што немаат совест)

Досега демократското општество не смислило посигурен начин на кој граѓаните ќе изберат кој, во определен период, ќе раководи него, отколку гласањето. Начинот на избор делува навистина смешно и подложен е на злоупотреба од страна на итри интелицентни луѓе:
* Политичкиот субјект вербално и преку пишана програма „ветува“ како ќе го води општеството;
* Граѓаните го избраат на однапред определен период, а немаат начин да го натераат политичкиот субјект да ги одржи „ветувањата“ и немаат начин како да му го одземат врачениот врз основа на ветувањата мандат;
* Политичкиот субјект, од позиција на политичка моќ, има можност да го корумпира општеството и да влијае врз неговите контролни механизми, какви што се јавното мислење и судството.

И покрај сета несовршеност на системот на избори, на нив треба да се гласа. Негласањето е последица на несакањето ментално да се посветиш на сложената одлука што треба да ја донесеш. Малодушноста е таа што му кажува на „малиот човек“ дека од него ништо не зависи, но со негласање може само да се одложи гласањето и не може да се очекува дека тоа ќе предизвика грижа на совест кај луѓето што немаат совест (повеќето политичари).

No comments:

Post a Comment