Friday, June 6, 2014

Малите големи работи

Имам изградено и непоколебливо чувство дека во секоја организација, во секое почнување во Македонија, ќе се најде барем еден/една залутан/а, таков/таква што ги сфаќа своите должности непрофесионално, ги исполнува фушерски, плукни-залепи; кажано описно секогаш во синџирот на луѓе што би требало да соработуваат ќе се најде некоја слаба алка, некој уфрлен по некој друг критериум. Заради тој некој конечниот производ го нема потребниот квалитет.
Последно нешто што ме поттикна да го напишам овој текст е телевизискиот пренос од фестивалот Макфест 2014, на МРТ1, на 05.06.2014. Во текот на преносот наместо да слушаме што говори водителот ги слушавме карактерите од некоја од репортажните коли кои си разменуваат ваков дијалог откако некој нешто з....л:
- Па сега шо прајме?
- Па... ништо.
Така е: ништо не се прави професионално, се е половично, колку-толку. Најлошото е што никој не критикува, туку, работите се прифаќаат такви како што се. Па така ништо, никогаш нема да се промени, ништо нема да еволуира! Па ќе се најде некој и ќе ме критикува мене, па ќе каже: - Каков ситничар си!
- Сум! Ситните работи, финесите, тие создаваат големи успеси. Тие создаваат развој.

No comments:

Post a Comment