Sunday, June 8, 2014

Kој е поголема "пичка"?

Така е. Убаво прочитавте во насловот: Пичка. Тоа е термин.

Дури повеќе - „голема пичка" е израз... и фраза...

Кога се спомува „голема пичка" се мисли на „голема негативност„ или  „голем/а негативец/негативка„.

Макар што, кога се мисли на „пичка„ тогаш мислите и не се толку негативни. Тогаш се мисли на соединување, на сласт, се мисли на погодок во целта... Полека! Не се вознемирувајте! Се мисли на филозофското соединување и на филозофски погодок во целта. Некако, како што ги замислил нештата Креаторот. Па нели и Тој мислел кога создавал, кога креирал? Си мислел: ...чекај малце... ова ќе го направам вака, издолжено да биде, а ова вака... малку вдлабнато... Е... Така! Сега ќе си одговараат!
Отпосле, после физичката креација Тој ја испланирал и искреирал духовната страна. Го испланирал магнетизмот, ја искреирал привлечноста и страста.
Нека не го врти никој погледот и мислата своја од овие мои зборови, затоа што тие во ништо не се спротивставени на ниедна догма.
„Пичка!„ - па колку убави мисли побудува зборчето!?

Но, кога звучи, кога се кажува - тогаш звучи навредливо и ниско: „Не биди пичка!„, „Пичка ти мајчина!„, „На сестра ти в пичка!„

Неколку „стручни„ објаснувања од Википедија:
Пичка може да се однесува на жаргоните од македонскиот говор:
  • Пичка (полов орган) - женски полов орган, видете исто така вагина.
  • Пичка - карактерна особина за машка единка која има женски манири.
  • Пичка - вулгарен опис на голем број негативни особини: подлец, интригант, подбуцнувач, страшливец, итн.
  • Пичка - добра, атрактивна девојка.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0

Се обидов од неколку можни ракурси да ја видам пичката, тоест да го објаснам терминот.
Да се вратам на фразата од почетокот на постот: „голема пичка". Таа секогаш се употребува во негативнаа конотација: навредливо, ниско, подло, плитко... Еве контрастност и контрадикторност: „голема пичка" звучи плитко - не звучи длабоко.
„Мала„ или „тесна„ пичка има сосема друго, позитивно значење, но тоа нека остане како потпик, тоест поттик за понатамаошни размислувања.

Сега откога ги објаснив термините, ќе се обидам да ја изложам својата главна мисла:
„Проблемот со името„


No comments:

Post a Comment