Sunday, June 15, 2014

Исти гомна



Навредливо. А?
Не требаше така, многу оштро... Нели?
Ама кажав... кажав „исти„. Тоа ти е како „исти сме„..., нешто како „исти сте„.
Не?
Е па тоа ти е, Македонче... Чорба...
Ме поттикна да го напишам текстов свеж настан, немил, несакан настан. Предизвикан поради неодговорност, курназење, недостаток на логика и простотилак. Се работи за сообраќајната несреќа од тринаесетти мај оваа година, тогаш патнички автобус кој се наоѓаше на релација Струмица – Скопје, на половина пат меѓу Велес и Штип имаше колизија со воз, при што беа повредени неколку патници. Настанот се случи поради тоа што возачот на автобусот не ги почитувал правилата за возење, и со заобиколување на рампите на преминот на автопатот преку железничка пруга сакал да заштеди некоја минута. Каде се брзал се уште не е кажано во јавност.  Се прашувам: Каков случај на неодговорност е човек да превзема толкав ризик за сите патници во автобусот и тоа без никаква потреба?

Сега, кога се случи овој настан, во моето сеќавање се враќа денот кога јас по некои шест години живеење во странство се вратив во Македонија. Тогаш ме имаше обземено некое пријатно чувство:  – Си доаѓам дома, на своето. Сè ми беше убаво, сè ми беше пријатно. Со полицаецот на граница не можевме да се разбереме на македонски, не дека сум го заборавил јазикот, разбирав сè, но поради тоа што долго време не сум го говорел – јазикот едноставно не ме слушаше. Полицаецот неколку пати го префрлаше погледот од мојата радосна физиономија на фотографијата во пасошот.
Како и да е: се најдов во Македонија! Убавото катче на планетата. Моето убаво катче. Планините, зеленилото, реките покрај патот, знаците што означуваа населени места напишани на македонско писмо, сето тоа ми будеше дополнителна позитивна енергија. Пребивав во некоја состојба на еуфоричност.
И така, се возиме во автобус, веќе е потрошена половина од тој светол и запурен августовски ден. Нашиот возачот живее со светот, тој замавнува со раката нагоре, испружувајќи ги прстите, му ја покажува дланката со испружените прсти на неговиот познаник, возач на автобусот што се движи во спротивна насока, му дава знак кој означува пријателски емотивен поздрав. Во тој момент започнува дијалог со својот колега, совозач:
-       Да го ебам... Ставре. Ставре мајчин. Знаеш ли?
-       Што да знам? – праша совозачот
-       А бе, си ебал мајката.
-       Што тоа?
-       Ич не му чуе, а жена му, му наби рогови – се клеца.
-       Стварно?
-       Стварно, бе.
-       Од каде знаеш?
-       Е, кој не знае за тоа? Сите зборуваат.
-       Ааа...
После оваа кратко споделување на пикантерии и по логичкото поентирање и безпоговорната потврда на фактите продолжуваме понатака да го трошиме светлиот и запурен августовски ден.
По кратко време присуствуваме на сеанса на егзибиции во автобусот. Возачот на совозачот му го предава управувањето на автобусот во движење. Неколкумина патници ракоплескаат одобрувајќи ја оваа врвна акробација. Тогаш не ни сфатив во колкав ризик не внесоа двајцата луѓе што управуваа со автобусот, и тоа само заради тоа што немаа желба да го запрат автобусот. И ним им се брзаше некаде, и тие се курчеа и курназеа.

Исти гомна. Тоа го мислам: исти гомна.

1 comment:

  1. Содржината на текстот ја отсликува реалноста, што е поткрепена и со докази. Но, во колку останеме на тоа, само со забележување на состојбите и помислиме дека со тоа можеби ќе се поправат, од констатацијата на текстописецот се гледа дека тие се исти или дури и влошени. Значи треба, врз основа на констатирањето да се заложиме во откривање на причината, бидејки причина мора да има. Причината може да биде на друго место, а индирекно да се одразува за појавата на такви и слични проблеми. Моето долго анализирање ме доведе до сознание, дека причината се наога во погрешната устроеност на системот, кој при неговото функционирање го дава тој производ, во облик на расслојување, кризи, сиромаштија, невработеност, и анархија при однесувањето. Се работи за грешка што ја прави системот, а не за погрешен систем. Грешката се однесува на погрешното присвојување на крајниот резултат од работата- профит или загуба, што е причина за сите тие последици. Сега присвојувањето во целост го праваат газдите, а тоа во суштина има заначење на одземање на делот што им следува на работниците- трудот од крајниот резултат, поради кое понудата што одговара на тој дел и е во исто време створена неможе да се потроши. На тој начин се ствара понуда без пуштени пари за трошење на истата, или се нарекува вишок на понуда. Кога ова понуда се натрупа и ја надмине границата на издржливост, се изразува во појава на криза. Во услови на криза, работата се кочи, се отпуштаат работници, сиромаштијата расте, стравот за опстанок расте, и доаѓа до пореметување на односите. Значи луѓето треба да се заложат, оваа системска грешка да се отстрани, кое е од интерес и на газдите, бидејки тоа што го одземаат од работниците, откако ќе им се врати, работата ќе тргне, ќе има аразвој и преку развојот ќе добијат поголем профит, отколку кога работата постојано се кочи.

    ReplyDelete