Saturday, January 9, 2016

10 прашања кои ДПМНовец не ги разбира

(потешки се)
  1. Што е Демократија? Дали постојат разни видови демократија (на пример лидерска демократија, едноумна демократија, автократска демократија)?
  2. Има ли потреба да постојат политичките партии? Која е нивната улога во повеќепартискиот систем? Што се партиски идеологии и за што служат?
  3. Врз основа на кој нивен квалитет треба да ги избираме политичарите? Постојат ли суперлуѓе односно идеални политичари-богови, на кои можеме да им го препуштиме сето размислување и решавање?
  4. На кој начин, и кому, граѓаните го делегираат (пренесуваат) правото на одлучување, но и одговорноста за донесените одлуки? Чии пратеници го составуваат Собранието на Република Македонија, на граѓаните или на партиите? Дали со избор на свој претставник во законодавната власт граѓанинот се откажува од своето активно учество во општествените процеси?
  5. На кој начин граѓаните имаат можност да дознаат дали власта води правилна фискална и монетарна политика?  Дали се доволни изјавите на политичарите на власт? Како граѓаните да се осигурат дека државата нема прекумерно да се задолжи?
  6. Зошто стандардот на живеење е различен во разни држави? Дури и држави кои порано му припаѓале на источниот блок, како на пример Чешка, Словачка, Словенија; се доближуваат до западно европскиот стандард. Дали во наведените држави се менуваат политичките гарнитури на избори, или една „правилна„ политичка гарнитура е постојано на власт?
  7. До кога треба да владее Груевски? Дали е тој незаменлив?
  8. На кој начин би требало да биде проверен и санкциониран евентуалниот криминал на политичарите на власт (на пример Груевски со провизиите, со плацевите...), и кој би требало да го истражи тоа?
  9. Дали прашањето со името има решение? Дали се оди кон тоа решение?
  10. Зошто „петардите„ на Заев поседуваат толку силна моќ?

1 comment:

  1. https://narodenprijatel.wordpress.com/2016/01/19/%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8-10-%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%86-%D0%BD%D0%B5/

    ReplyDelete