Friday, January 29, 2016

Без совест и скрупули

Јапонскиот министер за економија Акира Амари денеска најави дека ќе поднесе оставка и ќе преземе одговорност за обвиненијата за примање мито.
Ненадејната оставка доаѓа само една недела откако јапонскиот магазин „Викли Буншун“ пренесе дека Амари и неговите колеги примиле мито од најмалку 103 илјади долари од една градежна фирма.
Амари инаку важи за еден од најдоверливите луѓе на премиерот Шинзо Абе и главен преговарач на Јапонија во склучувањето на Транспацифичкото партнерство. 

http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=26932&cat=5

Е ова е последица на постоењето на совеста кај човекот: „Тој негираше дека е направена злоупотреба, но сепак се извини што предизвикал „проблеми и загриженост“ и ја прифати одговорноста за поткопување на јавната доверба во Владата.„



Сега споредете ја оваа постапка со тоа што го прави Никола Груевски, кој не само што предизвикува „проблеми и загриженост“ туку малтретира барем еден милион граѓани на Македонија.



Од тука произлегува мојата порака до Груевски: „Абе шушљупак, ако сакаш да докажеш дека си работел исправно - повлечи се од политиката на некое време, дај му на општеството време да осознае дека правилно си постапувал, нека поминат сите иституционални поцеси, па после тоа информираните и свесни граѓани сами ќе бараат да се вратиш. Или се плашиш од информирани и свесни граѓани, па ги малтретираш и ги држиш во постојан пресинг во своите манипулативни медумски канџи?„

За размислување на оваа тема препорачувам читателите да го изгледаат филмот на режисерот Роберт Земекис, со Дензел Вашингтон во главна улога: „Летот„.



Во него главниот лик е пилот на авион кој при технички проблеми на авионот изведува најсложена пилотажа со која спасува многу човечки животи. Сепак обемната истрага, спроведена за да се дознаат сите детали од авионската несреќа, наоѓа неколку празни, мали шишиња вотка во корпата за отпадоци во пилотската кабина, што укажува дека таму и се консумирани. На крајот на филмот, кај пилотот, инаку лекуван алкохоличар, се буди совеста и тој наместо да ја префрли вината врз загинатата стјуардеса (на кадешто водеше истрагата) признава дека тој консумирал алкохол за време на пилотажата.
На пилотот трајно му е одземена лиценцата за летање поради тоа што ја поткопал јавната доверба во авиокомпанијата и сигурноста на летовите, и тоа покрај тоа што тој ги спасил патниците во авионот од сигурна смрт со помош на неговата вештина.

No comments:

Post a Comment