Sunday, January 3, 2016

(уште еден) Убав, голем, насмеан, и добродушен фалус за Весна (баба) Петрушевска

Весна (баба) Петрушевска
ниту еден политичар
не може да ја купи -
 тие можат само да ја изнајмат.

„Она што јас сакам многу важно да ви го соопштам е дека сите овде што сме денеска, особено ние, глумци, јавни личности... само сакам на медиумите да ви порачам:
моето име и презиме, мојот углед, мојот талент... не може да го купи ниту еден политичар. Доаѓам овде со потполно чиста совест, чисто срце и отворена душа да му изразам поддршка на овој голем иден татко на градот Скопје... да го поздравам премиерот Груевски, којшто е мој пријател, и којшто особено го почитувам, првпат ова јавно го кажувам... ќе ми простите.„

Освен тоа се повика и на своето старо скопско семејство, и го преврте во гроб дедото Мите кој прв имал златарски дуќан во старата скопска чаршија, сè, само да стекнат кредибилност нејзините зборови.

Уште порано, во 2010та, на ТВ Кратово, одеше нејзиниот „проект„ наречен "Не ми е јасно". На интернет не најдов ниедно видео од "Не ми е јасно", што не ми е јасно. Но најдов теми по блогови на кои тој нејзин „проект„ е на долго и на широко коментиран:

Сè останува документирано и забележено, еве да речеме на овој блог
„Не ми е јасна Весна Бејби Петрушевска. Го фатив еднаш ова шоу. Без разлика на тоа кого исмева - воопшто не гледам политички, не ми е смешна. Целта е ова да е смешно?
Мене не ми е. Ич.„
„она си мисли дека е кој знае колку интересно, па не сфаќа женичето дека некому му досаѓа и му помага при празнење на стомакот...„
„1. Не ми е јасно зошто уметниците се мешаат во политика?
2. Не ми е јасно зошто Весна упорно прави такви невкусни шеги?
3. Не ми е јасно зошто МОРА на таа Латасовска телевизија веќе секое шоу да биде во знакот на ВМРО?
4. Не ми е јасно зошто не се обидат бар маааалку да прикријат дека апсолутно се насочени само кон ругање на опозиција и ништо друго?
5. Не ми е јасно зошто Весна не си истетовира на чело ВМРО - Ај лав ју форевр!!!
„Весна и онака не ми била меѓу омилените, ама сега ми е меѓу омразените, баш поради глупоста која ја тресе во последно време. А бе ооооди глуми си тамууууууууу„
„Мене не ми е јасно нејзиното суштествување на планетава.„
„Мене не ми е јасно што се случува со телевизииве, се партиски определени на сител кога ќе пуштам од Латас, па онаа со бумбарите, а сега и Весна па и од авион се приметува дека се вмровци, ми се лоши кога ќе ги видам„
 „Страшнооооо идиотски концепт на емисија. Прв пат кога го гледав си викам ја сум глупа или не сфаќам што е целта на емисијава, а се залетав пошто искрено ја ценам Бејби во тоа што до сега го правеше. Сепак, имаше некој стил и држеше до своето јас, али ова последново иччччч. али иччччч не и требаше, резил жив, па не знам по која цена да е, па да го губам ли до толку угледот, се поразувам ли себе и цела кариера и имиџ што сум ја стварала цел живот?????
Брука невидена, стварно не ја сфаќам смислата на емисијата, плукање без основ, правење од ништо нешто ... Мислам ужас, срамота е за уметник, глумец и човек кој долги години е во телевизија, наеднаш како кула од карти да се сруши и да се помножи со нула... Едно големо ууааааа.„
„Незнам зашо го прифатила проектов, ептен е очајна на моменти. Не очекував од неа вака да пропадне, убо си тераше со вртелешка десет години.„
„Оваа е марионета на Ѕинго сега. Исто како и Јофе на Велија.И немала баба работа или во случајов пари,и ајде да направиме едно шоу каде ќе се оди контра Велија,во случајов.
Мене искрено ниту ми е интересно,ниту ме задржува пред телевизор повеќе од пет минути.„
„Лелееееееее, каде ли и бил паметот кога се нафатила на ова?!„

 „– Не беше авторска емисија моја, тоа беше платен политички програм.
добивав текст кој што јас само го... го...го... говорев.
...
Ја го прифатив као... задача, од почеток до крај.
...
Доаѓав, го читав текстот и си одев. Имаше моменти каде што навистина не се сложував со нешто и се борев...
...
Во суштина тоа што беше нешто што не би го направила никогаш повторно.
Веројатно треба да пројдеш еднаш да видиш чекај што како ќе се залеташ еднаш, секој има право на грешки во кариерата, и јас навистина го сметам тоа за моја грешка.
.............................................


Ако се водиме по логиката на Баба Петрушевска, по некое време можеме да очекуваме и Латас, и Миленко, и Мирка или па другите суштества слични на нив да кажат:
„- Текстовите и мислите не беа мои - ми ги даваа а јас само ги кажував, бев професионал/ец/ка, го правев тоа најдобро што можев. Сега од оваа перспектива гледам дека тоа било погрешно, ама секој има право на грешка„

Е не, Петрушевска, Весна, кога еднаш ќе го извалкаш образот, кога ќе ја изгубиш честа, нема враќање назад, нема искупување. Не им се дозволени такви аморални грешки на тие што имаат влијание врз општественото јавно мислење, затоа што од луѓето на такви позиции зависи текот на развојот на општеството, зависат човечки судбини. Па еве, ќе ја имавме ли оваа длабочина на политичката криза ако наведените погоре „новинари„ имаа совест и својата професионалност ќе ја мереа со етички еталони а не со сумите заработени пари?
Не, немаше да ја имаме.


Луѓе на некои позиции во општеството едноставно немаат право на грешка. Можеме да ти простиме како на човек, но како на јавна личност – никогаш.

 
Весна (баба) Петрушевска ниту еден политичар не може да ја купи -
тие можат само да ја изнајмат.

No comments:

Post a Comment