Thursday, April 3, 2014

Ајде на митинг!

Ајде, земете ги знамињата и транспарентите, наполнете ги автобусите и упатете се на митинзи по градовите и селата во Македонија, за да ù се оддолжите на партијата што ве вработи; или па за да не ве шкртнат од некоја листа за вработување.
...
Моќници!
Што ли ù правите на мојата држава? Што му правите на мојот народ?
Па вие намерно го раскарувате и така скараниот народ - вие живеете од тој анимозитет, од таа омраза. Вам не ви е важен успехот на поединецот, вие не се грижите за да постигнете успех за државата.
Единствено за што се грижите е власта - одржување на власт или приграбување на власт. Вам ви требаат функции, големи незаработени плати и власт. Ненаситни сте.
Едните се прејадени од власт па не знаат што прават.
Другите се прегладнети за власт, за функции и за државни пари, па, сè би направиле за да дојдат на власт.
Нашите најмоќни политичари се нашата најголема казна и најголема клетва. Политичари коишто кога еднаш ќе ја изгубат власта, народот, во најдобар случај ќе ги заборави.
Па кој гласаше за политичарите коишто сега се на лош глас? - Истиов овој уплашен, изманипулиран и недоволно свесен народ.
Ајде на митинг!
................................................

Партискиот човек

Му најдоа работа, му дадоа плата,
му дадоа клуч, и за нишање - врата.

Партискиот човек си стави и машна,
во раката зеде и мини акт-ташна.
Ни принцип, ни совест не познава тој.
Но знае за кого е; и кој му е свој.

Тој не мисли многу, тој не чита книги.
Тој не троши време со кого ќе стигне.
Разговорот негов во место се лее:
- Кој не е со нас, тој против нас ќе е!

Тој оди на митинг со знамето в рака.
Тој знае да вика - го учеа така.
И не е тој сам, зошто такви ко него,
ги има ко мравки - ко црви во легло.

Го скандираат сложно
на слогови разложено
светото име на лидерот свој.
Тој што ги вработи. Тој! Ами кој?


 <Константин Карев, 29 јуни 2013> 
http://constant0in.blogspot.com/2013/07/blog-post.html 

No comments:

Post a Comment