Friday, March 18, 2016

Контраинтелектуалец

Дефинирањето на општото добро не е егзактно и зависи од јавната свест на општеството. При наследен егоцентричен и некооперативен менталитет, при општо ниско интелектуално ниво и под влијание на политички партии кои го користат тој назаден менталитет за свои лукративни цели, тешко може да се очекува генерирање на нови идеи и насоки во општеството, затоа што повеќето луѓе се интелектуално мрзеливи и политички сервилни.
Во вакво општество поголем ефект се постигнува со рафинирано објаснување на работите отколку со покажување масовност на протести, затоа што оваа структура на секој протест може да направи контрапротест, ама на секој критички интелектуалец не може да измисли контраинтелектуалец.

Thursday, February 25, 2016

Сензационално: срцето на Дунавка е плагијат!!!

Ајде да проговориме за нашиот менталитет. За нашиот сеирџиски, навредувачки, плиток и нискоморален менталитет. Сигурно се сеќавате на Дунавка Трифуновска. Се сеќавате колку потсмевање и омаловажување беше истурено по неа. А жената само беше оригинална, беше своја.
Па срцето што го покажа не личеше на срце, па нападна беше, па од каде па таа да ја претставува Македонија...

Ама еве:
https://youtu.be/3Dke54Uxrcg?t=3m28s

излегува дека срцето не било иновирано од Дунавка.
Елена Ристеска го измисли срцето две години претходно.





































Tuesday, February 23, 2016

Лудата Мирка

На Англиски прашањето за дијагностицирање на проблемот на одговорноста се поставува како: On whose watch?, што би значело: Кој го допушти тоа?; па, по рационалното лоцирање на одговорноста доаѓа санкционирање на виновникот. На тој начин се поставува систем кој работи врз принцип на одговорност за делегираната доверба.

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=2ECAA6F65C44A5498564CDD5305EBEA7

Ова што го пишува госпоѓата претставува лоцирање на вината на погрешно место, амнестирање од одговорност на тој (тие) на чија смена (или по чија замисла) лаѓата Македонија е ставена во немирни води; и наместо спасување на лаѓата со нејзино насочување во помирни води оваа пиратка провмовира радикална меѓусебна пресметка на целата посада поради меѓусебната недоверба генерирана од лошото организирање на посадата (од страна на долупосочениот/посочените виновник/ виновници).
Да, спомнат е Претседателот (Капетанот) Иванов, за кого се пишува дека на филозофски начин се апстрахира од одговорноста, спомнат е и (кормиларот) Никола Груевски, кој повеќе е претставен како жртва отколку како виновник за целата ситуација.

Жална е македонската интелектуална елита која во оваа болна (или намерна) замена на тези и амнестирање на виновниците не гледа закана за уништување на државата (лаѓата) и нацијата (посадата).
Мирка си свирка


Friday, February 19, 2016

Итар ДУИ; ДУИ=ДПМНЕ

Фатив нешто од Топ тема, на Телма. Гости Шилегов и Османи.
Османи ја претставува позицијата на ДУИ во политичката криза, која според мене е лицемерна. Тие се на позицијата: „Ние ќе прифатиме секое решение кое ќе го договорат ВМРО и СДСМ„. Тие не изнесуваат свој став туку итро балансираат и оставаат кризата да се зголемува. Иако ја претставуваат својата позиција како продржавна, всушност придонесуваат за зголемување на нестабилноста во државата.
Интересен ми беше лапсузот на Османи, кој кажа: „Ќе го прифатиме секој договор помеѓу ВМРО и ДПМНЕ„; има вистина во лапсузов. Да сакаше да ја разреши кризата ДУИ при првите индиции дека врвни членови на ВМРО ДПМНЕ се инкриминирани во незаконски активности ќе ја напуштеа коалицијата со нив. Наспроти тоа ДУИ го оправдуваше своето останување во владата со одржување стабилност; што всушност е истата лага што ја пласираат сега. Со останување во коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, ДУИ го брани нивниот криминал. Од тоа произлегува дека ДУИ=ДПМНЕ. Веројатно имаат причини така да се однесуваат. Веројатно го споделуваат криминалот на ВМРО ДПМНЕ.

Wednesday, February 17, 2016

Кривосудство

Оставаено е на судиите да имаат дискреционо право да одлучат дали ќе прифатат или нема да прифатат некои докази, но имајќи таква одговорност, судиите треба да поседуваат морална градба. Огромен е дел од судиите во македонските судови не поседуваат таква морална градба, туку, и нив, како и повеќето граѓани ги водат ниските страсти и материјалните интереси. Таквите судии му прават штета на општеството кое ги поставило на таква одговорна функција. Но ниедно зло не треба да остане неказнето, таквите судии треба да бидат свесни дека со непрофесионалното и уште полошо - со клиентилистичко и коруптивно дејствување тие застануваат на страната на насилството и криминалот. Па, според тоа - ќе дојде време кога и тие самите ќе се најдат на обвинителна клупа.

Wednesday, February 10, 2016

Латас

Се бара понадарен Турчин за Латас.
шифра: спремтесеспремтелатасе


Морам да го наведам како посебна болест. Ова суштество направи многу штета со своите постапки. Тоа не е новинар, не е ни човек, затоа што човек би имал колку-толку совест. Ова суштество нема совест. Порано го слушав, за да видам што ќе каже. Пред две години престанав да го гледам, иако понекогаш ги гледав вестите на сител. Тогаш ја напишав оваа песна:


Ако одбереш насока
и брзина со која ќе се патуваш низ животот -
секако дека ќе стигнеш таму каде што си тргнал,
но ако оставиш други да те „возат„ -
тие ќе те возат по нивните патишта,
а тоа за тебе ќе биде стоење во место
или вртење во круг.
Така нè „возат„ политичарите
Така нè „возат„ нивните купени медиуми и купени новинари.
Тие ни ги перат мозоците,
тие мислат за нас,
ни пласираат преџвакани информации,
ни наметнуваат заклучоци
без да ни дадат да размислиме.

Кај секој свесен човек се појавува револт
кон таквото силување
на човечкото достоинство и интелект.
Па тој револт блика и од мене.
И секојпат кога случајно
ќе го притиснам копчето на далечинскиот управувавач
а како резултат на тоа,
на екранот на мојот телевизор
ќе се појави опротивениот лик,
тој револт дивјачки извикува:
Добро бе, господине Латекс,
добро бе господине низаеден,
добро бе кондому искористен,
зошто да ти давам од времето?
Зошто да те пуштам во мојот свет свет?
За да ми ги лажеш вистините?
За да ми газиш по сништата и радостите?
Мислите да ми ги прелажеш, обесчестиш и земеш?

Па ти сè знаеш, на сите им објаснуваш,
за сè збор ќе најдеш, сè ќе протолкуваш,
сè ќе свртиш наопаку – ќе извртиш лице на опачина,
нечии црева ќе извадиш од утробата негова,
па в раце ќе му ги дадеш и ќе кажеш:
– Повели! Денес слава славам, па раздавам.

Како ли гревовите ќе си ги оправдаш?
Како ли ќе те суди иднината?
Кои пари душата ти ја купија,
па по себе и други во пекол да водиш?










http://constant0in.blogspot.mk/2015/07/2.html

Гледам дека многу време сум одвојувал на оваа гнида.

Одвратен лажго

Лага која Тамара ја плати со својот живот:https://www.youtube.com/watch?v=HiXdPNO2z4M

Враќање во реалноста

Самозадоволни лидери, тие живеат во свој виртуелен, розов свет;
Стресно го доживуваат ненадејното враќање во реалноста.


Супермен

А слушнавте ли што кажа Никола Тодоров?
https://www.youtube.com/watch?v=IeyK3rXAmPo#t=55


Направил повеќе од своите можности. А бе Супермен.
А деца умираат.

Тезгаџијство

Да дадам свое видување на темата:
Понижувачкиот однос спрема Кекеновски не е втемелен врз неговите лични карактеристики туку врз размислувањето во однос на занимавањето со музика кое постои кај нас. Занимавањето со музика се смета за ниско занаетчиство, за тезгаџијство, за сервилна професија.
Дел од музичарите ја прифаќаат таквата позиција во општеството, тие задоволуваат нечии суети и гледаат на секаков начин да го „задоволат„ клиентот, тоест плаќачот.
Igor Avramovski Aleksandrov
МУЗИЧАР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ
На какви умови им е предмет за исмејување тоа што Јове Кекеновски, покрај животното искуство и образование како еден од основачките организатори и гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен Градоначалник и Претседател на Собрание на Град Скопје, па универзетски професор по право и политички науки, бил и врвен хармоникаш?
Зошто би било пречка за претседателска кандидатура да имаш повеќе музика во душата од досегашните претседатели и да покажеш доволно дарба, посветеност и самодисциплина за виртуозно да се изразуваш преку музички инструмент, придонесувајќи притоа и за одржувањето на народната култура која е клучен елемент на македонскиот идентитет и македонското заедништво?
Тоа може да им пречи само на неизживеаните или завидливите, кои сакаат да се уверат себеси дека само со дипломите и канцелариските фотељи, заслужени или не, го достигнале врвот на човештвото. Трагедија е кога луѓе со толку ограничен капацитет за вреднување на животот добиваат моќ да го назаднуваат развитокот на цело едно општество.
"Кога не би бил физичар, веројатно би бил музичар. Често размислувам во музика. Сонувам со отворени очи во музика. Јас го гледам мојот живот во смисла на музика." Алберт Ајнштајн
"Без музика, животот би бил грешка." Friedrich Nietzsche
"Убавата музика е уметност на пророците која може да ја смири вознемиреноста на душата; тоа е еден од најсјајните и најпрекрасните дарови кои Бог ни ги дал." Martin Luther
"Музиката му дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата и живот на се." Плато
"Музиката го изразува она што не може да се каже со зборови и што не смее да се премолчи." Victor Hugo

Thursday, February 4, 2016

За луѓето-овци

Тоа е нашиот припрост, насилнички, нетолерантен, но и сервилен во однос на лидерите менталитет.

Не е дозволено да имаш свое мислење, не е дозволено да критикуваш, постои само една вистина - таа што ја кажува лидерот. Е такви се заповедите на кои им служат луѓето-овци. Тие ги воздигнуваат и воспеваат лидерите, па за најголемо свое достигнување го сметаат приближувањето до нив. Фотографијата на која се сликани со некој од лидерите ја урамуваат па ја ставаат на ѕид и ја ставаат да им биде профилна фотографија на Фејсбук.
Доволно е некој да пројави слободоумие и да искаже свој критички став во однос на нивните лидери, па тие дружно да му се нафрлат со навреди.

Тоа се луѓето-овци.


Friday, January 29, 2016

Шушљупак

„Абе шушљупак, ако сакаш да докажеш дека си работел исправно - повлечи се од политиката на некое време, дај му на општеството време да осознае дека правилно си постапувал, нека поминат сите иституционални процеси, па после тоа информираните и свесни граѓани сами ќе бараат да се вратиш. Или се плашиш од информирани и свесни граѓани, па ги малтретираш и ги држиш во постојан пресинг во своите манипулативни медиумски канџи?„




Без совест и скрупули

Јапонскиот министер за економија Акира Амари денеска најави дека ќе поднесе оставка и ќе преземе одговорност за обвиненијата за примање мито.
Ненадејната оставка доаѓа само една недела откако јапонскиот магазин „Викли Буншун“ пренесе дека Амари и неговите колеги примиле мито од најмалку 103 илјади долари од една градежна фирма.
Амари инаку важи за еден од најдоверливите луѓе на премиерот Шинзо Абе и главен преговарач на Јапонија во склучувањето на Транспацифичкото партнерство. 

http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=26932&cat=5

Е ова е последица на постоењето на совеста кај човекот: „Тој негираше дека е направена злоупотреба, но сепак се извини што предизвикал „проблеми и загриженост“ и ја прифати одговорноста за поткопување на јавната доверба во Владата.„



Сега споредете ја оваа постапка со тоа што го прави Никола Груевски, кој не само што предизвикува „проблеми и загриженост“ туку малтретира барем еден милион граѓани на Македонија.



Од тука произлегува мојата порака до Груевски: „Абе шушљупак, ако сакаш да докажеш дека си работел исправно - повлечи се од политиката на некое време, дај му на општеството време да осознае дека правилно си постапувал, нека поминат сите иституционални поцеси, па после тоа информираните и свесни граѓани сами ќе бараат да се вратиш. Или се плашиш од информирани и свесни граѓани, па ги малтретираш и ги држиш во постојан пресинг во своите манипулативни медумски канџи?„

За размислување на оваа тема препорачувам читателите да го изгледаат филмот на режисерот Роберт Земекис, со Дензел Вашингтон во главна улога: „Летот„.



Во него главниот лик е пилот на авион кој при технички проблеми на авионот изведува најсложена пилотажа со која спасува многу човечки животи. Сепак обемната истрага, спроведена за да се дознаат сите детали од авионската несреќа, наоѓа неколку празни, мали шишиња вотка во корпата за отпадоци во пилотската кабина, што укажува дека таму и се консумирани. На крајот на филмот, кај пилотот, инаку лекуван алкохоличар, се буди совеста и тој наместо да ја префрли вината врз загинатата стјуардеса (на кадешто водеше истрагата) признава дека тој консумирал алкохол за време на пилотажата.
На пилотот трајно му е одземена лиценцата за летање поради тоа што ја поткопал јавната доверба во авиокомпанијата и сигурноста на летовите, и тоа покрај тоа што тој ги спасил патниците во авионот од сигурна смрт со помош на неговата вештина.

Saturday, January 23, 2016

Раздели, па владеј

Прости луѓе (ова го кажувам за да ве освестам, за да не се навредите и самиот се ставам тука). Всушност ја исполнуваме замислата на партиските елити - сега бандата на Грујо ја применува таа стратегија. А таа стратегија е „Раздели, па владеј„.

Како не можеме да разбереме дека на ваков начин, со омаловажување и навредување на „другиот„ (а тој другиот е ист како тебе - несигурен и несвесен), политичките елити, кои се главните виновници за состојбите, не користат како маша и не ставаат во оган?

Thursday, January 21, 2016

Политички лупинзи

Некој нека ми објасни како би било правилно да се однесувам кон ваквите личности кои изведуваат лупинзи во политиката?




Пред три недели напишав текст за една друга слична персона, која се занимаваше со нарачана политичка дискредитација на опозицијата, за сега, да се кае за своите постапки:

Сега ја слушам оваа, госпоѓа Поповска, која буквално до вчера беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ а сега толку тревожно говори за недостатокот на демократски стандарди во македонското општество. 
Зарем „до вчера“, додека нејзината партија учествуваше во Владата овие стандарди постоеа, а сега наеднаш изчезнаа?

Заклучувам дека овие ликови поседуваат голема хипокризија и му имаат нанесуваат штета на македонското општество.
Чудно, но во моментот овие „покајници“ му помагаат на опозицискиот демократски фронт. Во општество побогато со човечки интелектуален потенцијал ваквите личности би биле маргинализирани, но во нашето продолжуваат да бидат во фокусот на вниманието.

Ќе даде ли некој издржан одговор?

Закон за крадење

Со ваквата зависност и сервилност на пратениците во македонското Собрание од, и кон Владата, последнава може комотно да предложи и предлог Закон за крадење. И тој ќе биде прифатен, но актуелната Влада не е до толку транспарентна.

Wednesday, January 20, 2016

Политичка неписменост

Луѓето не ја разбираат демократијата, не го разбираат повеќепартискиот систем, не ја сфаќаат улогата на политичарите. Тие емотивно се врзуваат со политичарите и градат култ на личност околу нив; политиката ја разбираат како обложување на спортски натпревар, или уште полошо - како војна на уништување. Промената на политичар ја сфаќаат како личен пораз, или како пропаст за државата.

Monday, January 18, 2016

Паторот подметнува кукавичји јајца!

Да, навистина, тимот (да не речам,а ете реков: бандата) на Груевски игра стратегиска игра, сериозна партија шах, со која бара опстанок на политичката сцена, и спас од кривичната одговорност за криминалите, кои ги имаат направено заслепени од власта и моќта што им се даде.
И да, навистина, досега бандата е во предност затоа што од другата страна имаат слаб тактичар и никаков стратегичар.
Па зарем не можеше да се антиципира овој потег на Груевски уште кога се договараше во Пржино?

Но не сметам дека СДСовците направиле преголема грешка, која не може да се поправи. Овој блеферски потег на Груевски треба да се искористи против него. Опозицијата не дека треба, колку мора да учествува на изборите на 24 април, какви и да бидат тие, за да биде претставена во Парламентот; и за да има можност да ја врати позицијата на таа после претходните парламентарни избори, кога го имаше напуштено Собранието. Со тоа ќе биде разоткриен овој блеферски, неодговорен спрема државата и граѓаните, и нечесен потег.

Да размислиме трезвено, што се случи:
Го имаме договорот од Пржино, од јуни и јули, кој предвидува низа мерки за враќање на демократијата, функционирање на правото и ослободување на институциите од шепите на бандата на Груевски, нешто кое овие последниве не го сакаат па ги блокираат процесите. И сега, со непречистен избирачки список поради касното формирање на ДИК, без нов Закон за медиуми, и без епилог на работењето на собраниската комисија за истражување на прислушувањето, бандитите ги прекинуваат сите тие процеси и сакаат нови избори. Која е нивната цел? Мислам дека целта на бандата е да ја навлечат опозицијата да не учествува на наредните избори, а во парламентот да влезе фиктивна опозиција купена и раководена од нив. Целта им е да си купат уште четири години власт.

Не. Тоа не смееме да си го дозволиме. Плус, ако опозицијата не учествува на избори, единствениот плацдарм за одбраната на демократијата би останала улицата, протестите, на што луѓе со наш менталитет тешко се решаваат; а и да има масовни протести тие ќе и одат на рака на бандата – за да прогласи вонредна состојба и за да ја засили автократијата во Македонија.
Значи на изборите на 24 април мора да се учествува.
Значи изборите се „морални„.

А што се однесува до бандата на Груевски, гледам дека тие развија силна машинерија за медиумска пресија врз граѓаните. Основната стратегија што ја применуваат е контранапад и замена на вистината со лага, и обратно.

Ним не им е грижа за Македонија, туку само за своите лични интереси. Ако се грижеа за народот и за државата одамна ќе поднесеа морална одговорност и ќе си дадеа оставки.
Наспроти тоа користат фрази како:
Република Македонија мора да оди напред.
Денес почитувани граѓани со гордост ви соопштувам дека нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината.
Ова е реарфирмација дека единствениот начин да напредуваме како држава и нација лидерите да ја стават волјата на народот пред нивните сопствени амбиции и лични интереси.

Самите ја држат државата и граѓаните во заложништво а за тоа ја обвинуваат опозицијата:
Државата и граѓаните предолго се заложници на една деструктивна политика која негативно влијаеше и се закануваше на секој план.
...Или ќе им дозволиме на политичарите кои со манипулации имаат за цел да ги парализираат состојбите да продолжат да не спречуваат да одиме напред?

Манипулираат со граѓаните, вршат пресија врз нив, а се претставуваат како исполнители на граѓанската волја:
Дали граѓаните ќе продолжат да живеат во маглата на политичката криза?
Дали ќе им дадеме можност на граѓаните да го одберат патот напред за нашата нација и држава? 
Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денес зборува народот на оваа држава.
Пред вашите домови, на вашите работни места, во кафетерии и ресторани, насекаде во вашите места, ќе разменувате идеи меѓу себе за тоа каква држава сакаме да имаме, и како ќе ја направиме подобро место за живеење за сите нас.
Вие одлучувате, вие одлучувате за националните приоритети и за националните интереси за државните интереси.
Бидејќи во демократијата тоа е единствено ваш избор.
Ова (Решението за избори) е реарфирмација на основното верување дека сета моќ на нашата Влада доаѓа од вас, од граѓаните.

Што да кажам?

Расипана банда!

Wednesday, January 13, 2016

„Една важна невладина организација, поддржана од странските амбасади„

Чудна ми е Богатинова.
Од една страна сака да создаде впечаток дека е професионален новинар со тоа што го кани лидерот на опозицијата во вестите, од друга страна нејзиниот пристап и начинот на кој ја води дискусијата, обидувајќи се да го омаловажи соговоникот со прашања како „Дали очекувате помош од Катица Јанева?„ „Што ќе му ветите на вашето членство?„; и со констатациите како: „Ова интерву немаше да се случи доколку не ви беше наредено„ „Знаеме каква е позадината зад вашето доаѓање„; покажуваат дека таа не го разбира концептот на новинарство. Па таа на моменти звучеше како обвинител: „Која е вашата поврзаност со...?„; или како судија: „Станува збор за криминалец„.
Лидија Богатинова, уште еднаш покажа
дека не е ништо повеќе од политичка марионета на ДПМНЕ.
Толку од Богатинова.
 
линк кон видеото: https://www.youtube.com/watch?v=T8hkyQhYY1s&feature=share

Сепак негативно ме изненади и Зоран Заев кој иако ја искористи одлична можност за поентирање којашто му се понуди, при цитирањето на констатациите на некоја невладина организација истата не ја наведува, туку ја ословува со: „Една важна невладина организација, поддржана од странските амбасади„.

Порочен круг

http://civil.org.mk/zivil-otkriva-slutchai-na-zhstok-polititchki-pritisok/?lang=mk

Луѓето не се луѓе, туку гласови:
  1. Избираме политичари за да го управуваат и организираат општеството - за да се избавиме од сиромаштија;
  2. Со своите постапки тие нè прават уште посиромашни и зависни од нив;
  3. Тие се богатат, ние осиромашуваме;
  4. Тие со наши пари, преку пропаганда, нè убедуваат дека сме богати;
  5. Ние ги избираме повторно за да го управуваат и организираат општеството.



Saturday, January 9, 2016

10 прашања кои ДПМНовец не ги разбира

(потешки се)
  1. Што е Демократија? Дали постојат разни видови демократија (на пример лидерска демократија, едноумна демократија, автократска демократија)?
  2. Има ли потреба да постојат политичките партии? Која е нивната улога во повеќепартискиот систем? Што се партиски идеологии и за што служат?
  3. Врз основа на кој нивен квалитет треба да ги избираме политичарите? Постојат ли суперлуѓе односно идеални политичари-богови, на кои можеме да им го препуштиме сето размислување и решавање?
  4. На кој начин, и кому, граѓаните го делегираат (пренесуваат) правото на одлучување, но и одговорноста за донесените одлуки? Чии пратеници го составуваат Собранието на Република Македонија, на граѓаните или на партиите? Дали со избор на свој претставник во законодавната власт граѓанинот се откажува од своето активно учество во општествените процеси?
  5. На кој начин граѓаните имаат можност да дознаат дали власта води правилна фискална и монетарна политика?  Дали се доволни изјавите на политичарите на власт? Како граѓаните да се осигурат дека државата нема прекумерно да се задолжи?
  6. Зошто стандардот на живеење е различен во разни држави? Дури и држави кои порано му припаѓале на источниот блок, како на пример Чешка, Словачка, Словенија; се доближуваат до западно европскиот стандард. Дали во наведените држави се менуваат политичките гарнитури на избори, или една „правилна„ политичка гарнитура е постојано на власт?
  7. До кога треба да владее Груевски? Дали е тој незаменлив?
  8. На кој начин би требало да биде проверен и санкциониран евентуалниот криминал на политичарите на власт (на пример Груевски со провизиите, со плацевите...), и кој би требало да го истражи тоа?
  9. Дали прашањето со името има решение? Дали се оди кон тоа решение?
  10. Зошто „петардите„ на Заев поседуваат толку силна моќ?

10 прашања на кои ДПМНовец не знае да одговори


  1. Зошто СДСМ ја изгуби власта во 2006та година?
  2. Зошто СДСМ не го „продаде името„ тогаш кога беше на власт, па имаше можност тоа да го направи?
  3. Зошто „криминалците„ од СДСМ не се обвинети и не им се суди во правосудните институции туку на провладините медиуми?
  4. Служби на која странска држава се мешаат во македонската политика?
  5. Зошто Груевски дозволува мешање на странски дипломати во решавањето на политичката криза во Македонија?
  6. Зошто поднесоа оставки Јанкуловска, Мијалков и Јанакиевски?
  7. Зошто Груевски се согласи со формирање на СЈО?
  8. Колкав е приближниот број предавници во Македонија?
  9. На кој начин Македонија да се ослободи од предавниците?
  10. Што ќе се промени, дали ќе се реши политичката криза во Македонија ако изборите на 24 април се спроведат на ист начин како и сите претходни изборни циклуси организирани од ДПМНЕ раководено од Груевски?


    Види и: 
    10 прашања кои ДПМНовец не ги разбира

Sunday, January 3, 2016

Луциден сон

Груевски и луѓето околу него, понесени од човечка алчност се заиграа богови, па заборавија на сè човечко во себе. Тоа се карактери кои живеат во свој измислен свет, во некој луциден сон, затоа што единствено во него тие можат да проектираат позитивен исход за себе. Во таа паралелна реалност сакаат да нè заробат и сите нас, за да нè искористат како статисти кои ќе бидат таму за да им служат и угодуваат. Затоа прават сè за да нè одвојат од здравиот разум и да ни ги избришат сеќавањата.

Тие веќе немаат контакт со реалноста, тие не ја чувствуваат, и сè што се случува во неа е ирелевантно за нив. Чувството на одговорност целосно им го неутрализирал нивниот егоизам.

Штотуку го изгледав „Небо со боја на ванила„

(уште еден) Убав, голем, насмеан, и добродушен фалус за Весна (баба) Петрушевска

Весна (баба) Петрушевска
ниту еден политичар
не може да ја купи -
 тие можат само да ја изнајмат.

„Она што јас сакам многу важно да ви го соопштам е дека сите овде што сме денеска, особено ние, глумци, јавни личности... само сакам на медиумите да ви порачам:
моето име и презиме, мојот углед, мојот талент... не може да го купи ниту еден политичар. Доаѓам овде со потполно чиста совест, чисто срце и отворена душа да му изразам поддршка на овој голем иден татко на градот Скопје... да го поздравам премиерот Груевски, којшто е мој пријател, и којшто особено го почитувам, првпат ова јавно го кажувам... ќе ми простите.„

Освен тоа се повика и на своето старо скопско семејство, и го преврте во гроб дедото Мите кој прв имал златарски дуќан во старата скопска чаршија, сè, само да стекнат кредибилност нејзините зборови.

Уште порано, во 2010та, на ТВ Кратово, одеше нејзиниот „проект„ наречен "Не ми е јасно". На интернет не најдов ниедно видео од "Не ми е јасно", што не ми е јасно. Но најдов теми по блогови на кои тој нејзин „проект„ е на долго и на широко коментиран:

Сè останува документирано и забележено, еве да речеме на овој блог
„Не ми е јасна Весна Бејби Петрушевска. Го фатив еднаш ова шоу. Без разлика на тоа кого исмева - воопшто не гледам политички, не ми е смешна. Целта е ова да е смешно?
Мене не ми е. Ич.„
„она си мисли дека е кој знае колку интересно, па не сфаќа женичето дека некому му досаѓа и му помага при празнење на стомакот...„
„1. Не ми е јасно зошто уметниците се мешаат во политика?
2. Не ми е јасно зошто Весна упорно прави такви невкусни шеги?
3. Не ми е јасно зошто МОРА на таа Латасовска телевизија веќе секое шоу да биде во знакот на ВМРО?
4. Не ми е јасно зошто не се обидат бар маааалку да прикријат дека апсолутно се насочени само кон ругање на опозиција и ништо друго?
5. Не ми е јасно зошто Весна не си истетовира на чело ВМРО - Ај лав ју форевр!!!„
„Весна и онака не ми била меѓу омилените, ама сега ми е меѓу омразените, баш поради глупоста која ја тресе во последно време. А бе ооооди глуми си тамууууууууу„
„Мене не ми е јасно нејзиното суштествување на планетава.„
„Мене не ми е јасно што се случува со телевизииве, се партиски определени на сител кога ќе пуштам од Латас, па онаа со бумбарите, а сега и Весна па и од авион се приметува дека се вмровци, ми се лоши кога ќе ги видам„
 „Страшнооооо идиотски концепт на емисија. Прв пат кога го гледав си викам ја сум глупа или не сфаќам што е целта на емисијава, а се залетав пошто искрено ја ценам Бејби во тоа што до сега го правеше. Сепак, имаше некој стил и држеше до своето јас, али ова последново иччччч. али иччччч не и требаше, резил жив, па не знам по која цена да е, па да го губам ли до толку угледот, се поразувам ли себе и цела кариера и имиџ што сум ја стварала цел живот?????
Брука невидена, стварно не ја сфаќам смислата на емисијата, плукање без основ, правење од ништо нешто ... Мислам ужас, срамота е за уметник, глумец и човек кој долги години е во телевизија, наеднаш како кула од карти да се сруши и да се помножи со нула... Едно големо ууааааа.„
„Незнам зашо го прифатила проектов, ептен е очајна на моменти. Не очекував од неа вака да пропадне, убо си тераше со вртелешка десет години.„
„Оваа е марионета на Ѕинго сега. Исто како и Јофе на Велија.И немала баба работа или во случајов пари,и ајде да направиме едно шоу каде ќе се оди контра Велија,во случајов.
Мене искрено ниту ми е интересно,ниту ме задржува пред телевизор повеќе од пет минути.„
„Лелееееееее, каде ли и бил паметот кога се нафатила на ова?!„

 „– Не беше авторска емисија моја, тоа беше платен политички програм.
добивав текст кој што јас само го... го...го... говорев.
...
Ја го прифатив као... задача, од почеток до крај.
...
Доаѓав, го читав текстот и си одев. Имаше моменти каде што навистина не се сложував со нешто и се борев...
...
Во суштина тоа што беше нешто што не би го направила никогаш повторно.
Веројатно треба да пројдеш еднаш да видиш чекај што како ќе се залеташ еднаш, секој има право на грешки во кариерата, и јас навистина го сметам тоа за моја грешка„.
.............................................


Ако се водиме по логиката на Баба Петрушевска, по некое време можеме да очекуваме и Латас, и Миленко, и Мирка или па другите суштества слични на нив да кажат:
„- Текстовите и мислите не беа мои - ми ги даваа а јас само ги кажував, бев професионал/ец/ка, го правев тоа најдобро што можев. Сега од оваа перспектива гледам дека тоа било погрешно, ама секој има право на грешка„

Е не, Петрушевска, Весна, кога еднаш ќе го извалкаш образот, кога ќе ја изгубиш честа, нема враќање назад, нема искупување. Не им се дозволени такви аморални грешки на тие што имаат влијание врз општественото јавно мислење, затоа што од луѓето на такви позиции зависи текот на развојот на општеството, зависат човечки судбини. Па еве, ќе ја имавме ли оваа длабочина на политичката криза ако наведените погоре „новинари„ имаа совест и својата професионалност ќе ја мереа со етички еталони а не со сумите заработени пари?
Не, немаше да ја имаме.


Луѓе на некои позиции во општеството едноставно немаат право на грешка. Можеме да ти простиме како на човек, но како на јавна личност – никогаш.

 
Весна (баба) Петрушевска ниту еден политичар не може да ја купи -
тие можат само да ја изнајмат.